Германските банки се подготвуваат за неплаќања поврзани со енергијата

Банките во Германија се очекува да издвојат дополнителни средства за да можат да се справат со потенцијалниот скок на неплаќања доколку Русија го прекине снабдувањето со природен гас, изјавија неколку високи банкарски претставници, цитирани од Блумберг.

Во случај на целосно прекинување на испораките на руски гас, најголемата европска економија се предвидува да падне во рецесија и од кредиторите ќе се бара да ги зајакнат корпоративните заеми со повеќе капитал, според шефот на БНП Парибас Германија, Луц Дидерихс.

Тој ги повтори коментарите дадени од главниот финансиски директор на Комерцбанк Бетина Орлоп објавени во текот на викендот во интервју за неделникот Фокус пари.

Високите фигури во финансиската индустрија, наводно, се загрижени за планираното одржување на гасоводот Северен тек, клучната рута за гас што ја поврзува Германија со Русија, бидејќи неколку претставници на ЕУ фрлија сомнеж за потенцијалното продолжување на испораките.

Двете нишки на гасоводот ќе ги стопираат операциите за годишни поправки од 11 до 21 јули, соопшти операторот минатата недела, додавајќи дека исклучувањето било претходно договорено со сите партнери.

Мерките на претпазливост што ги преземаа германските заемодавци во услови на потенцијални економски последици што произлегуваат од актуелната војна со санкции меѓу Русија и Западот досега беа пониски поради резерви што ги собраа во екот на пандемијата „Ковид-19“.

Германија е многу зависна од континуираниот увоз на енергија од Русија и целосното губење на пристапот до снабдувањето тешко би ја погодило економијата на нацијата.

Главниот извршен директор на Дојче банк, Кристијан Севинг,  рекол дека таков настан ќе предизвика „длабока рецесија“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.