Германските челници ја поттикнуваат ЕУ да ја одобри вакцината „Спутник V“

Челниците на германските сојузни покраини ги повикаа функционерите во Европската унија да го забрзаат испитувањето на руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“ и да ја предвидат нејзината употреба во Унијата по одобрувањето.

„Важно е да се забрза постапката за одобрување, во прв ред кога станува збор за Спутник“, изјави премеирот на најбогатата гермска сојузна покраина Баварија, Маркус Зедер, по разговорите со шеснаесетте челници на германскит поркаини со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

Како што истакна Зедер, испутувањето на руската вакцина против Covid-19 досега покажале дека таа е „многу сигурна“ и „во некои случаи подобра од веќе одобрените вакцини“ во ЕУ.

„Мораме брзо и ефикасно да ја одбриме, без да се навлегува во бирократските поединости“, додаде Зедер, кој се споменува како можен наследника на канцеларската позиција на Ангела Меркел кај демохристијаните.

И градоначалникот на Берлина, кој доаѓа од левиот политички спектар, Михале Милеф, истакна дека на Европа „ѝ се потребни сите вакцини коишто можеме да ги набавиме“.

Европската агенција за лекови (ЕМА) започна на почетокот на март со испитување на вакцината „Спутник V“ за нејзино одобрување, но некои земји членки на Европската унија веќе ја започнаа иминузацијата на своето население со овој препарат.

Баварскиот премиер Зеде оцени во четвртокот дека одобрувањето на оваа вкацина е „само прашање на времето“ и дека е важо во ЕУ да се организран за да се гарантира нејзино произвдоство и испорака.

„Европа мора брзо да преговара и да не чека на одобрување. Ова е итен повик за да не е испушти и друга можност. Доколку се покаже дека производството на ‘Спутник’ е тешко, можеме да поднудиме да се произведува тука, во Германија“, истакна Зедер,

Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ( во победелникот соопшти дека потпишал договор за производсто на вакцината против коронавирусот со компании од Италија, Шпанија, Франција и Германија, додека се очекува нејзиното одобрување во ЕУ.

Официјално, спомнатите земји не ги потврдија информациите за потпишување на овие договори, но за нив известваат тамошните медиуми повикувајќи се на свои извори.

Европската унија се најде во големи тешкотии и е цел на остри критики поради проблемите и забавувањето на вакцинирањето против Covid-19, во прв ред поради откажувањето на регистраните вакцини на западните производители да ги испорачат договрените дози.