Германските финасии се во критична состојба, сметаат ревизорите

Федералната канцаларија за равизија на Германија смета дека државната каса е во „критична состојба“ во услови на економска криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, пренесе во средата агенцијата DPA повикувајќи се на извештајот на Комората на сметководителите во кој имала увид а бил испратен во Бундестагот.

Според документот со кој треба да се запознае соодветната комисија во германскиот парламент, долгот на државата може да порасне на речиси 1,5 трилиони евра до крајот на 2022 година. Германската влада, според DPA, ги исцрпела своите финансиски можности и не е доволно да се чека и да се имаат надежи во подобри времиња за консолидирање на државниот долг. И покрај фактот дека „тоа профункционирало по финансиската криза, истото нема да се повтори, имајќи ги предвид прашањата како што се климатските промени и воведувањето на дигиталните технологии“, се вели уште во документот.

За повторно постигнување финансиска стабилност, како што се нагласува во прилогот на агенцијата, новата германска влада треба брзо да дејствува. Приоритетите треба јасно да бидат дефинирани во важни области, како што се заштитата на климата, преминот кон алтернативните извори на енергија, дигитализацијата и образованието. Програмите за финансирање треба внимателно да бидат проверувани и да се исклучи можноста од распределба на средства за проекти кои ѝ штетат на животната средина.

„Затоа што нема пари за сѐ“ го цитира агенцијата челникот на сметководствената комора, Каи Шелер.

Истовремено тој предупредува дека „омекнувањето, па дури и укинувањето на прописот за забрана на зголемување на долгот би било погрешен начин и капитуалција пред проблемите, дури и без да се направи обид да се најде решение“. Во врска со тоа Шелер истакнива дека претстои спроведување „претпазлив и јасен курс на консолидација“.

Минатата 2020 година германската економија се соочи со две епидемиолошки „затворања“. Државата ја субвенционираше со повеќе милијари евра поддршката на бизнисите. За таа цел, парламентот го укина ткн правило „сопирачка на долгот“, коешто забранува да се троши повеќе од буџетот повеќе отколку што се прибираат во него средства.

Пандемиската криза доведе до падот на многу клучни економски показатели во Германија. Така, обемот на индустриското производство е намален за 8,5 отсто, за 4,6 отсто е намален бруто домашниот производ (БДП), увозот падна за 9,3 а извозот за 7,1 отсто. Буџетските расходи во 2020 година ги надминаа приходите за 4,4 отсто од БДП=то или за 139,6 милијарди евра.