Германските истражувачи бележат остар пад на меѓународната помош за Украина

Германските истражувачи коишто ги бележат меѓународните пакети помош за Украина објавија дека во прв ред западната воена и финансиска помош на земјата последните месеци остро паднала.

Од август до октомври на Украина ѝ се ветени дополнителни пакети воена и финансиска помош во вкупен износ од 2,11 милијарди евра, објави во четвртокот германскиот Институт за светска економија (IfW) со седиште во Кил кој редовно ги бележи ветените пакети помош за Киев.

Тоа е за нешто повеќе од десетина од износот од истиот период минатата 2022 година и е најнискиот од јануари 2022 година, речиси два месеца пред почетокот на руската инвазија во Украина.

„Нашите бројки го потврдуваат впечатокот дека помагачите (на Украина) станале понерешителни последните месеци“, вели Криштоф Требеш, шеф на тимот специјализиран за следење на пружањето на сите форми помош за Украина.

Истражувачите заклучуваат, исто така, дека Украина станува сѐ позависна од малиот број поддржувачи во војната против Русија, како што се САД, Германија и нордиските земји.

Последните месеци и во Соединетите држави и во Европската унија се дискутира за нови големи пакети помош за Украина, меѓутоа преговорите западнаа во тешки политички спорови.

„Имајќи ја предвид неизвесноста околу натамошната американска помош, Украина може само да се надева дека Европската унија конечно ќе го одобри својот долго најавуван пакет помош од 50 милијарди евра“, вели Трибеш и предупредува дека секое „натамошно одложување значително би ја зајакнало Русија“.

Се очекува дека одлуката за помошта од Европската унија дека ќе биде донесена на претстојниот самит на шефовите на земјите и владите кон средината на декември. Меѓутоа, најавени се противење на овој пакет, во прв ред од Унгарија на којашто би можело да ѝ се придружат и други земји членки на блокот.

Украина, којашто по превратот од пролетта 2014 година добива значителна помош од западните земји, речиси 22 месеци војува за истиснување на руските трупи од својата територија, но дури и долгонајавуваната противофанзива започната во јуни не даде поголеми напредувања на Киев во тие настојувања.

За сиве овие речиси девет години прозападните власти во Киев се силно зависни од странската помош. Во некои случаи, украинските власти може да се потпрат на повеќегодишните програми коишто веќе ѝ се ветени.

Спроед истражувачите од IfW, државите членки на Европската унија и нејзините институции заедно сега даваат повеќе воена помош отколку САД, кои и натаму се најголемиот поединечен донатор на Украина.

Како една од вонредните поголеми програми е испораката на борбените авиони „F-16“ од американско производство од повеќе европски земји. Меѓутоа, според досегашните најави, станува збор за неколку десетици вакви летала, од кои некои се веќе расходувани во западните војски и предвидени за замена со посовремени борбени авиони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.