Германските климатски активисти започна протести во Берлин и Минхен

Климатските активисти во понеделникот се насочија кон клучните сообраќајни јазли во двата најголеми германски градови Берлин и Минхен, сигнализирајќи повторно покренување на својата кампања протести поврзани со климатските промени.

Петмина припадници на движењето Letzte Generation (Последното поколение) се залепиле за коловозот пред главната железничка станица во Берлин, соопшти полицијата на германската престолнина. Уште два слични протеста се одржан на други места во центарот на градот.

Во баварската престолнина Минхен, полицијата објави дека девет лица се залепиле за коловозот и го блокирале сообраќајот околу историскиот плоштад Карлсплатц. Носеле воочливи елеци и користеле плакати за да го свртат вниманието на нивните барања. Сообраќајните проблеми предизвикани во понеделникот утрото биле „умерени“ соопшти германската полиција.

Споменатата група активисти најави дека оваа седмица повторно ќе започне со протести, по една седмица пауза, како и дека ќе продолжат земајќи ги за цел сообраќајните јазли. Изминатите седмици ги блокираа патиштата, оштетуваа славни уметнички дела во музеите и галериите и на два часа го запреа воздухопловниот сообраќај на аеродромот BER во Берлин.

Во сојузната покраина Баварија, чиј главен град е Минхен, на некои активисти им бил одреден притвор, како мерка на претпазливост по најавите на продолжувањето на акциите кои го нарушуваат вообичаениот ритам на функционирање на урбаните средини.

Меѓу другото, групата бара ограничување на брзината на 100 километри на час на автопатите и месечен билет за воз од 9 евра.

Протестите на берлинскиот аеродром особено наиде на широка осуда не некои тактики со кои се служи движењето Letzte Generation.

На крајот од октомври двајца еко-активисти го блокираа автопатот А100 во Берлин, парализирајќи го сообраќајот на оваа делница. Тогаш сообраќајниот метеж доведе до доцнење на медицинска помош на местото на несреќата поради што почина повредената велосипедистка. Полицијата и државното обвинителство сѐ уште ја истражуваат несреќата за да се разјасни дали вината треба да им се припише на активистите. Се разгледува, исто така, можна тужба против активистите поради попречување на службени лица кои пружаат помош.

Министерот за внатрешни работи на најнаселената сојузна покраина Северна Рајна Вестфалија, Херберт Рул, изјави претходо дека демонстрантите ја „минаа границата“. Рул за јавното радио Deutschlandfunk реле дека „државата не може едноставно да гледа и да дозволи тоа да се сличи“.

Неколку политичари минатиот месец повикаа на поостри мерки против демонстрантите чија цел се и музеите, а активистите се на удар на и на социјалните мрежи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.