Германските конзервативци и социјалдемократи се договорија за коалициски преговори

 

Конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел, Унијата (CDU/CSU) и социјалдемократите (SPD) постигнаа во петокот по маратонските преговори договор за почеток на формалните коалициски преговоди, со што се зголемија шансите за составување нова германска влада и излез од политичката блокада.

Договорот овозможува почеток на деталните преговори за коалицискиот договор следните семици, а со тоа би требало да биде завршен периодот на неизвесноста којашто ја ослаби меѓународната позиција на Германија и го отвори прашањето дали Ангела Меркел може да остане на канцеларската должност.

Демохристијанската Унија на Христијанско-демократската унија (CDU) и нејзината сестринска баварска Христијанско-социјална унија (CSU) објави дека е подготвена за подготвителните разговори за составување на коалициска влада со Социјалдемократската партија на Германија (SPD), додека социјалдемократите за тоа ќе одлучат по состанокот на нивното претседателство подоцна во петокот.

На минатонеделниот конгрес социјалдемократите одлучија да започнат преговори со конзервативците за продолжување на соработката при што тие го оставаат отворено прашањето за крајниот исход од преговорите. За SPD, освен за продолжувањето на ткн голема коалиција, можна е и малцинска влада којашто ќе ја предводи Унијата CDU/CSU. На оваа опција, пак, жестоко се противи Меркел којашто сака стабилна влада.

Како тематски целини во коишто Унијата и SPD се разијдуваа изминатите денови се наведените реформи на здравствениот систем и дозволата на имигрантите во Германија да им се овозможи да ги доведат членовите на своите семејства за што се залагаат социјалдемократите, а се противат демохристијаните.

SPD, најстарата германска политичка партија на сегашната политичка сцена, по историски најслабиот изборен резултат од 20,5 отсто во септември, најлошиот од 1933 година, веќе во изборната вечер ја исклучија можноста да ја продолжат коалицијата со Унијата CDU/CSU, тврдејќи дека со гласањето „избирачите тоа го отфрлиле“.

Меѓутоа, по пропаѓањето на обидот да се формира ткн Јамајка коалиција, меѓу конзервативците, либералите и зелените, и на притисокот од претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнамер, кој и самиот е социјалдемократ кој сака да се избегнат вонредните парламентарни избори поради јакнење на крајната десница, SPD сепак се согласија на преговори со CDU и CSU.