Германските конзервативци се дистанцираа од предлогот на Макрон за Европа

Анегрет Крамп-Каренбауер, челничката на германската владејчка конзервативна партија Христијанско-демократската унија (CDU) и наследничка на канцеларкта Ангела Меркел, го изнесе „планот за Европа“ во кој се дистанцира од неодамнешниот предлог на францускиот претседател Емануел Макрон во врска со социјалната, финансиската и надворешната политика на Европската унија.

„Нашата Европа мора да биде посилна“ во светот „кој го поткопуваат протекционизмот и национализмите“, напиша Анегрет Крамп-Каренбауер во текстот под наслов „Да се направи Европа исправна“, кој во самотата го објави неделникот Welt am Sonntag.

Со приближувањето на изборите за Европскиот парламент во мај „францускиот претседател Емануел Макрон пред неколку дена ги повика европските граѓани итно да дејствуват. Во право е“, оценува претставничката на најголемата германска партија којашто во декември ја замени Меркел на чело на CDU, во постапка којашто претставува преседан на половина од мандатот на актуелниот канцелар и партиски претседател.

Анегрет Крамп-Каренбауер, преппознатлива во медиумите по иницијалите АКК, ги споделува ставовите на францускиот претседател за европската миграциска политика и неопходноста од подобра заштита на границите, како и за плановите за носење заедничка политика во давањето азил.

„За да се чувствуваме сигурни во Европа, потребни ни се посигурни надворешни граници“, напиша АКК, поддржувајќи го предлогот за заедничка гранична полиција.

Меѓутоа, германската политичарка се дистанцира во врска со повеќе други прашања. Така, го одбива францускиот предлог за минимална плата во ЕУ и изразува претпазливост во однос на предлогот на Макрон за колективизација на долговите поради финансирање на идните проекти.

„Европскиот центризам, европскиот етатизам, колективизацијата на долговите, европеизацијата на социјалните системи и минималната плата би биле погрешниот пат“, оценува АКК.

Анегрет Крамп-Каренбауер натаму бара, како што вели, „за Европа“ .. „заеднички постојан претставник во Советот за безбедност“ при Обединетите нации, што Германија одамн го бара, додека Франција сака да го задржи своето ексклузивно членство во ова тело на светската организација. Макрон, пак, од своја страна, предложи основање Европски совет за безбедност кој ќе ги подготува „заедничките одлуки“ на ЕУ во одбранбената сфера.

Анлега Меркел, која под внатрешен партиски притисок поднесе оставка на должноста претседателка на CDU но во принцип ќе остане канцеларка до 2021 година, засега не реагираше на написот на Емануел Макрон објавен истовремено во дневните весници во членките на ЕУ на 4-ти март под насловот „За европскиот препород“