Германските политичари и натаму против отворањето на границите и патувањата

Германските политичари повторно во неделата предупредија на опаснота од прераното отворање на границите и укинување на забраните при патувањата, во контекстот на саботните протести против рестриктивните мерки поради знаците дека епидемијата од болеста Covid-19 забавува во земјата.

Бројот потврден случаи на зараза со коронавирусот во Гермнаи во неделата се зголеми за 603 на 162.496 луица, според податоците на референтниот Институт за заразни болести „Роберт Кох“ (RKI). Бројот на починатите, пак, се зголемил за 74 на 6.649 луѓе.

Во Германија во саботата беа одржани неколку протести против мерките за ограничувања кои ги воведоа властите во обидате да го сузбијат ширењето на новиот тип коронавирусот. Најголемиот протест е одржан во Штутгарт каде што, според процените на организаторите, се собрале околу 5.000 граѓани.

„Кога ќе стане можно патниците не само сигурно да патуваат во странство, туку исто така и сигурно да се вратат, тогаш би можеле постепено да ги повлечеме препораките за одложувањата на патувањата“, изјави германскиот министер за надворешни работи Хејко Маас во разговор за неделните изданија на медиумската групација Funke.

„Не би смеело да има преуранети одлуки. Не смееме да си дозволиме одново летово повторно да мораме да организираме превоз во Германија за четврт милион граѓани на Германија“, рече министерот Маас, од Социјалдемоктатската партија на Германија (SPD), оправдувајќи го неодамнешното продолжување на препораките на министерството за надворешни работи да не се патува во странство, што ќе важи најмалку до средината на јули.

И германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер, од баварската Христијанско-социјална унија (CSU) сестринска партија на Христијанско-демократската унија (CDU) на канцеларката Ангела Меркел, преупредува на опасноста од преурането отворање на границите и овозможување на слободата на движењето за туристички цели.

„… Толку долго додена вирусот не замине на одмор, мораме и ние да се ограничиме кога станув збор за плановите за патувања“, вели Зехофер за неделното издание на весникот Bild.

Појаснува дека колку и да е разбирлива желбата на туристичкиот сектор за отворање, заштитата од заразата е приоритет.

„Никој не сака да ја ограничува слободата на движењето и патувањата, ниту минута подолго отколку што тоа е неопходно. Но лекомислените попуштања кои подоцна се враќаат во форма на зголемен број на заразените никому не му се во полза“, вели Зехофер.

Дневниот весник Bild последните денови во неколку наврати пишуваше за Хрватска којашто, поради близината и можното воспоставување коридор, се нуди како потенцијална туристичка дестинација за Германците ова лето. Австрискиот канцелар Себастијан Курц, исто така, изрази желба за отворање на границата кон Германија до летово, за да се овозможи доаѓањето на туристите во неговата земја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.