Германските работодавачи бараат кревање на пензиската граница на 70 години

Претставникот на Сојузот на германската металопреработувачка и електро индустрија Штефан Волф бара подигнување на старосната граница за заминување во пензија на 70 години, во периодот кога Германија има недостаток од речиси милион работници, пренесуваат во понеделникот германските медиуми.

„Доколку посветиме внимание на демографските движење и оптоварувања на социјалните и пензиските фондови, тогаш мораме да дојдеме до заклучокот дека резервите се исцрпени“, вело Волф, кој е претставник на едена од индустријата која еден од најголемите и најважно работодавачи во Германија.

Во разговорот за медиумската куќа Funke вели дека за спречувањето на колапсот на пензиските фондови потребно е и продолжување на работната седмица.

„Не ни преостанува ништо друго освен повеќе работа и подолг работен век“, вели Волф.

Според него, продолжувањето на работниот стаж е потребно и поради тоа што Германците живеат подолго, па според тоа и подолго примаат пензии.

„Овие две вредности треба да бидат прилагодени, бидејќи во спротивно пензискиот систем среднорочно нема да биде одржлив“, заклучува Волф.

Според моменталната законска регулатива, сегашната граница за заминување во полна пензија до 2029 година би требало да биде подигната од сегашните 65 на 67 години.

Министерот за труд Хубертус Хеил, од владејачката Социјалдемократска партија на Германија (SPD) ги отфрли досегашните барања на некои од водечките економисти и претставници на здруженијата на работодавачите за дополнителни зголемувања на старосната граница за заминување во пензија.

„Ние во коалицијата (со зелените и либералите – з.р.) постигнавме договор дека нема да ја менуваме старосната граница и се придржуваме на тоа“, рече уште во мај Хеил.

На германскиот пазар на труд недостигаат речиси 900.000 работници

Многу германски економисти предупредуваат дека поради демографски неповолниот тренд, со сѐ помалку млади кои доаѓаат на пазарот на трудот и со проблемот со недостигот на работна сила, моменталниот пензиски систем не е долгорочно одржлив.

Моментално на германскиот пазар на трудот недостигаат речиси 900.000 работници, а состојбата следните годни би можела да се влоши поради заминувањето на голем број на припадници на ткн „бејби-бум“ генерацијата, родени до средината на шеесеттите години од минатиот век, во пензија.

Од друга страна, пак, претставниците на синдикатите и социјалните здруженија одново остро го отфрлија подигнувањето на старосната граница за заминување во пензија.

„Предлогот за кревање на границата нема допир со стварноста. Веќе сега малцинство вработени остануваат до 65 години старост на работното место. Во прв ред оние коишто работат физички и психички тешки занимања не издржуваат до пензиската граница“, вели претседателката на социјалното здружение VdK, Верена Бентеле,

Таа, слично како и претставниците на синдикатите, побара наместо подигнување на границата да се спроведат реформи на пензискиот систем кои би внеле повеќе праведност и би ги натерале сите групи да уплаќаат во пензискиот фонд.

Во моментов вработените во државните институции, самостојните претприемачи и политичарите се изземени од обврската за уплаќаат во пензиските фондови.