Германските римокатолички парохии на литургии го благословија хомосексуалните бракови

Повеќе од стотине римокатолички епархии во Германија оваа седмица одржале богослужби во текот на коишто ги благословувале хомосексуалните двојки, и покрај тоа што станува зо за практика којашто официјален Ватикан не ја одобрува, како ниту мнозинството германски бискупи.

Богослужбите за лицата кои не се хетеросексулани или оние чијшто родов идентите се разликува од полот кој го имале при раѓањето, се дел од низата историски реформи во рамките на црвката во Германија којашто се најде на критики на Ватикан порад својот „прогресивен карактер“, како што тоа го опишуваат западните медиуми.

Рајнер Теубер, негуватео од Есен и член на ЛГБТК инцијавите #OutInChurch и #liebegewinnt (љубовта победува) за службената германска новинска агенција DPA изјави дека е радосен поради „прославата на својата врска во рамките на нашата парохија, со членовите на семејството и кругот на пријателите“.

„Долоку осум или девет бискупи од Германија се осмелат и ги блогословат квир двојките, не верувам дека ќе има толку критики од Рим“, вели споменатиот активист мислејќи на Светата столица.

Теубер и неговиот „сопруг“ Карл-Хајн Армелох веруваат во промената, но истовремено сакаат и црквата да ги признае грешките сторени во минатото и да им се извини.

Повикот на благослов на хомосексуалните двојки ширум Германија следеше како реакција на декретот кој Ватикан го издаде на 15-ти март. Со него се истакнува црковната забрана којашто би требало да ја почитуваат сите свештениици кои се залагаат за Божјиот благослов за хомосексуалните двојки, бидејќи во декретот се истакнува дека „Господ не го благословува и не може да го благослови гревот“.

Група од 16 германски свештеници и активисти организираа потпишување петиција која за неколку дена собрала 2.000 потписи. Охрабрени од тоа, решиле да одат и чекор натамуи и да го пролгасата 10-ти мај – датумот е избран поради поврзаноста со Ном со кој Господ склучил сојуз испраќајќи му ја во залог ѕуницата – симболот којшто ги присвои ЛГБТК заедницата, за ден на одржување на церемонијата на благослов на сите двојки, а особено оние кои живеат во еднородови заедници.