Германските социјалдемократи ја одобрија коалицијата со либералите и зелените

Членството на Социјалдемократската партија на германија (SPD) со големо мнозинство на гласовите во саботата го одобрија влегувањето на нивната партија во коалициска влада со партиите Зелени и Либерално-демократската партија (FDP).

„Пред нас сега е шансата на земјата да ѝ дадеме нов полет. Новата влада ќе се грижи за напредокот во моментот во кој би било опасно кога не би постапиле така“, изјави најверојатниот иден германски канџелар Олаф Шолц на вонредниот партиски конгрес кој поради епидемиолошките мерки беше организиран во најголем дел виртуелно.

За коалицискиот договор гласале 98,8 од делегатите на конгресот. Од нив 598 гласале „за“, седум биле „против“ договорот со зелените и либерелите.

Шолц во своето обраќање пред гласањето порача дека за новата влада, којашто поради париските бои на коалициските партнери ја нарекуваат „семафор коалиција“, може да оствари „темелна општествена реформа“ како што тоа било во 1969 и 1998 година. Имено, во 1969-та на власт дојде социјалдемократско-либералната влада предводена од канцеларот Вилијам Брант, а во 1998-та социјалдемократската-зелена влада водена од Герхард Шредар.

„Социјалдемократите, зелените и либералните-демократи, за разлика од демохристијаните (Унијата CDU/CSU на досегашната канцеларка Ангела Меркел – з.р.), изјави Шолц кој во досегашни демохристијанско-сцоијалдемократска влада беше министер за финансии и вицеканцелар.

Шолц во обраќањето ги истакна и важните елементи кои ги содржи новиот коалициски договор, како на пример зголемувањето на минималната надомест за час работа и засиленото градење станови зад коишто, како што истакна, „стои SPD“.

Во FDP за коалицискиот договор ќе решаваат на вонредниот партиски конгрес во недела, а Зелените до понеделник спроведуваат испитување во партиската база. Доколку и двете партии дадат одобрување за коалицискиот договор, тој може да биде потпишан во вторник, а во среда Олаф Шолц на чело на новата влада на гласање во Бундестагот би можел да биде избран за нов германски канцелар.