Германските социјалдемократи поддржаа преговори со демохристијаните за формирање влада

Социјалдемократската партија на Германија (SPD) донесе на својот партиски конгрес одржан во Берлин во четвртокот одлука за почетокот на преговорите со демохристијаните од Унијата на Христијанско-демократската унија (CDU) и сестринската баварска Христијанско-социјална унија (CSU), предводена од канцеларката Ангела Меркел, за продолжување на големата коалиција.

Гласањето на социјалдемократите го расчисти патот за преговорите со коишто може да се надмине политичката криза и застојот во кој западна најголемата европска економија, откако конзервативците на канцеларката Ангела Меркел и SPD остварија историски рекордно слаби резултати на парламентарните избори од крајот на септември компликувајќи ги парламентарни комбинаторики.

„SPD се чувствува обврзана низ преговорите со Унијата CDU/CSU да испита дали и во која форма ќе ја преземе одговорноста во новата влада“, се наведува во документот кој е прифатен од мнозинството делегати на партискиот конгрес.

Со тоа е отворен патот за почетокот на подготвителните преговори со Унијата CDU/CSU следната седмица. Во документот изрично е нагласено дека исходот од преговорите е „отворен“. Партијата ја задржува можноста да поддржи малцинската демохристијанска влада, продолжување на досегашната демохристијанско-социјалдемократска коалиција или предвремени избори.

„Ние не мораме да бидеме по секоја цена на власт, но исто така не мораме по секоја цена да бидеме против учеството во работењето на владата“, изјави пред гласањето претседателот на SPD, Мартин Шулц, кому во четвртокот му беше изгласана довербата и натаму да ја води партијата.

Шулц рече дека партијата може да закрепне само доколку понуди јасна визија на Германија и Европа којашто ќе работи во полза на нивните граѓани, повикувајќи на подлабока интеграција на Европската унија и „Соединетите Држави на Европа“ до 2025 година.

„Европа не функционира секогаш во полза на своите луѓе, туку попрво пречесто за големите компании“, изјави Шулц оцртувајќи ја популистичката визија којашто оди далеку над отвореноста на Меркел за ограничени структурни реформи и рационализација на бирократијата.

Во врска со имиграцијата, една од главните причини за пропаѓањето на првиот обид на Меркел да формира коалиција со либералите од партијата на Слободните демократи (FDP) и Зелените, SDP се противи на планот на конзервативците да се продолжи забраната за правото на спојување на семејството за некои азиланти.

„Не може да има горна граница на правото на заштитата од војна и прогон“, изјави Шулц пред делегатите отфрлајќи ги барањата на конзервативците за поставување на границата од 200.000 имигранти годишно.

Доколку подготвителните преговори завршат со одлука за почеток на коалициските преговори, ќе биде одржан вонреден партиски конгрес на кој базата мора да одлучи дали сака влегување во преговорите за коалиција. Преговорите меѓу двете партии реално може да почнат дури во новата година.

Пред гласањето за преговорите пропадна обидот на младината на SPD да се исклучи можноста од повторно коалицирање со Унијата CDU/CSU, како што веднаш по дознавањето изборните резултати изјави лидерот Мартин Шулц.

SPD, најстарата германска политичка партија на сегашната политичка сцена, по историски најслабиот изборен резултат од 20,5 отсто во септември, најлошиот од 1933 година, веќе во изборната вечер ја исклучија можноста да ја продолжат коалицијата со Унијата CDU/CSU, тврдејќи дека со гласањето „избирачите тоа го отфрлиле“.

Шулц повторно избран на чело на демократите

Шулц подоцна на конгресот одново беше избран за претседател на со забележливо послаба поддршка отколку на почетокот од годината, по рекордно лошите септемвриски парламентарни избори.
„На 19-ти март ми дадовте поддршка од 100 отсто. Тоа беше убав момент но потоа настапија тешки времиња. Сега ми дадовте 81,9 отсто поддршка и мојата желба е на основа на овој резултат да дојдат подобри времиња“, изјави Шулц по изборот.

Откако SPD на изборите во септември го оствари најслабиот резултат во својата историја, многумина за лошата состојба во партијата го обвинија Мартин Шулц, кој претходно си поднесе оставка на должноста претседател на Европскиот парламент за да ја води партијата на изборите.

Шулц пред гласањето на партискиот конгрес во долгиот говор им се обрати на делегатите преземајќи ја одговорноста и барајќи прошка за лошиот резултат на изборите.

Тој и покрај тоа што по изборите ја исклучи можноста од продолжување на коалицијата со демохристијаните, по пропаѓањето на преговорите за ткн Јамајка коалиција меѓу демохристијаните, либералите и зелените, под влијание на партиски фракции и под притисокот од германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој исто како и Шулц доаѓа од редовите на социјалдемократите, го започна процесот со кој SPD сепак се реши за преговори за продолжување на ткн Голема коалиција.

Во својот говор Шулц се заложи и за јакнење и за реформирање на Европската унија, подржувајќи ги реформистичките планови на францускиот претседател Емануел Макрон.

„Европската унија мора до 2025 година да се претвори во Соединети европски држави. Кон не сака да го прифати таквиот устав, мора да ги напушти новиот сојуз“, изјави Шулц во својот говор појаснувајќи дека за тоа би било потребно носење на единствен устав на Европската унија.

Редовниот партиски конгрес на SPD започна во четвртокот и ќе трае до сабота.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.