Германските земјоделци протестираат против еколошката политика на државата

Неколку илјади германски земјоделци се собраа денеска во Берлин, а некои денеска дојдоа со свои трактори на протест поради најава за план за намалена употреба на пестициди и хемиско ѓубриво во рамки на еколошки мерки.

„На германските земјоделци им е потребна заштита како и перспектива за иднината, а не прекумерни прописи и забрани“, наведе синдикатот на земјоделци на Германија.

Тие бараат повторно да се разгледа планот „заштита на инсекти“ што во почетокот на септември го претстави владата.Со планот што е компромис меѓу Министерството за животна средина и за земјоделие, се предвидува забрана за употреба на глифосфати до 2023 година. До 2021 година предвидена е и забрана за хербициди и инсектициди во „еколошко загрозени“ зони.

Тоа е трет протест на земјоделците за помалку од два месеца. Земјоделците во Баварија оваа година собраа повеќе од 1,8 милиони потписи за спасување на пчелите од пестициди.