Германското индустриско производство остро паднало во март

Германското индустриско производство нагло паднало во март годинава, извести во понеделникот статистичкото биро, истакнувајќи го остриот пад во автомобилскиот и градежниот сектор.

Производството во март било намалено за 3,4 отсто во однос на февруари, кога според ревидираниот податок пораснало за 2,1 отсто, покажуваат податоците на Destatis.

„По добриот раст на индустриското производство на почетокот од годината, март донесе неочекувано остар пад“, соопшти германското министерство за економија.

Производството на моторните возила и автомобилски делово е намалено за 6,5 отсто, а производството на машини и опрема за 3,4 отсто. Од Destatis го издвојуваат и 4,6-процентниот пад во градежништвото.

Во првите три месеци од годинава производството било поголемо за 2,5 отсто отколку во последниот квартал од минатата 2022 година, според истиот извор.

Податоците за новите нарачки во март сигнализираат дека индустријата ја очекува тежок период, судејќи според податокот за 10,7-процентниот пад на побарувачката во март во однос на претходниот месец, најголемиот од пандемиската 2020 година.

Во автомобилскиот сектор новите нарачки потонале во март за 12,2 отсто во однос на февруари, а во секторот производство на машини за 5,9 отсто.

„Германското производството сѐ повеќе ги чувствува последиците од подигнувањето на каматните стапки во светот, кои сѐ повеќе ја кочат економијата“, забележува економистот во „ Commerzbank“, Ралф Солвен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.