Геро протестира против „режимот“ одморајќи се цел месец

Охрид, Евиа, Москва и Санкт Петербург се локациите на кои летово одмора главниот уредник на порталот Плус инфо, Бранко Героски.

Бидејќи новинарската професија во Македонија не е многу платена за некој да може да си доволи повеќе одмори во време на годината, отворено останува прашањето за начинот на кој дополнително се финансираат новинарите. Јавна тајна е дека невладината СОРОС ги финансира опозициските медиуми, и запрашан Героски од каде пари за неколку одмори во текот на летниот одмор, тој накратко за Нетпрес одговори дека сите патувања си ги плаќа од сопствен џеб, бидејќи оди во приватна режија, не откривајќи повеќе детали.

„Семејните патувања се во сопствена режија и тие ги плаќам од сопствениот џеб“, додава во изјавата за Нетпрес Героски.

Пред неколку дена кога го запрашавме каде го поминал својот летен одмор, а тогаш тој ни одговори дека тоа било Грција и Охрид, заборавјќи да го спомене патувањето во Русија. И кога одеднаш, во неговата колумна пишува и за Русија.

„Во Русија бев со туристичка тура, семејно со сопругата и помалата ќерка. Ги посетивме Москва и некогашен Ленинград, сега Санкт Петербург. Убаво си поминавме има многу работи кои можат да се видат“, вели за Нетпрес Героски.

Инаку, одморот на Героски, еден од погласните медиумски борци против владеачкиот поолитички режим, според наши информации трае повеќе од еден месец, но истите овие тврдења тој ги негира велејќи дека работата му дозволува одмор само од неколку дена.

„Не се точни информациите дека повеќе од еден месец сум на одмор. Колегите ме зафркаваат кога ќе прочитаат такво нешто за мене. Јас постојано работам, без разлика дали сум во канцеларија или надвор од неа“, додава Героски.

Според неговото изјавено, и нашите информации, во деновите одмор тој не ги пресметува деновите кои ги поминува во сопствениот стан во Охрид, како и во куќата на Матка.