Героски: Големите коруптивни случаи секогаш се тема во избори, па така ќе биде и со случаите Рекет 1, 2 и 3

Големи се пропустите со мерките. Има дваесеттина кои се применуваат надвор, а не и кај нас. Еве јас само нешто ќе споменам. Од самиот почеток имаше сериозни залагања за масовни тестирања, а алгоритмот и ден денес е многу рестриктивен, ненормално рестриктивен прашајте било кој лекар, рече новинарот Бранко Героски на гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Според него премногу се чека за да се дојде на лекар.

„Многу се чека да се дојде до лекар, уште повеќе за тест и после доцна се откривале. Нормално доцна се откриваат, се доцни комплетно по секој основ. Стандард е тестот да се прави „на барање“ и тоа треба да биде така и тука“, рече Героски.

Според него Македонија требаше да биде похрабра во мерките многу порано.

„Црна Гора која е добар случај во регионот ние дури сега почнуваме да го применуваме нивниот модел. Ние може да се споредуваме тука о земјите од регионот, со земјите од поранешна Југославија, рече Героски.

Дополни дека светот прави браин сторминг, а не чека како кај нас.

„Ние значи доцниме и со терапијата“, додаде Героски.

За сите рекет стории, рече Героски, за кои пишував, иако е сега актуелна короната, ќе бидат актуелни за изборите.

„Во изборите стандард е да бидат и овие случаи актуелни, ако е ваква ситуацијата со короната. Коруптивните случаи како Рекет 1, 2 и 3 се процесуираат во судовите, добиваат разврска. Не можам да замислам земја во Европа каде има коруптини случаи тие да бидат тема, ќе се наметне и економската криза поради короната, но и претходно имавме изместени случаи. Дилема беше во јавноста дали мерките на Владата беа во ред или не“, рече Героски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.