Героски: Истрагите на СЈО беа неквалитетни, а преку новинари создаваа притисок на јавноста

Истрагите на Специјалното јавно обвинителство беа неквалитетни, а преку новинари создаваа притисок на јавноста- сега се доведуваат во прашање сите оние случаи кои ги водеа. Се девалвира начинот на работа и се доведуваат во прашање сите оние случаи кои ги водеа СЈО досег, рече меѓудругото новинарот Бранко Героски во неговото синоќешно гостување во емисијата „ЈАди бурек“ кај Јанко Илковски.

СЈО, обвинителката Јанева, обвинителската Фетаи Фатиме и целата таа постава и начинот на кој беше поставено СЈО, начинот на кој се спроведуваа истрагите, поведението на луѓето на специјалните обвинители, јас ги критикував од самиот почеток, од првата појава на Катица Јанева, оцени Героски

„Натамошната разврска на состојбите во СЈО, особено од аспект на тоа како беа проследувани доказите, како беа повикувани и избрани новинари во СЈО па преку нив практично се создава притисок на јавноста за едно прерано судење, јавно судење по предметите кои ги покренуваа, мене сериозно ме убеди во фактот дека ние имаме проблем со таа институција и подоцна за жал се покажа дека бев во право, бидејќи во еден поголем дел од случаите на СЈО се одлучи да се постапува без посериозни истраги“, додде Героски..

Општиот впечаток, според него, бил лош, истаргите неквалитетни, некои задоцнети… „Ќе имаме сериозен проблем со она што е работено до сега, што ќе се одрази онатаму“, рече.

Според Героски, се девалвира начинот на работа и се доведуваат во прашање сите оние случаи кои ги водеа СЈО до сега.

„Апсолутно, вие не може да нацртате една шема и да кажете дека фирмата X e оф-шор компанија во некоја земја која и дава позајмица на фирмата Y, а таа, пак, дала банкарска гаранција за фирмата Z да работи нешто и да речете ‘ете тоа е криминалот’. Чекајте, дали е легално да отворите оф-шот компанија во земја во кое тоа е дозволено, легално е. Банкарската гаранција е легален инструмент. Што треба вие да докажете како обвинители, истражители? Дека постојат нелегални пари, перење на пари, дека постои рекет, трговија со влијание- ова што сега се докажува во новата афера итн. и тоа да го поткрепите со сериозни материјални докази, а не со цртежи и рекла казала и со разговори кои според Законот за кривична постапка всушност не се валидни докази, дури и да се легални, а камоли нелегално снимени“, додаде Героски.