Героски: Кога укажував дека законот за ЈО е штетен, бев прогласен за адвокат на мафијата

Во емисија на Алфа ТВ гостуваше новинарот Бранко Героски кој што посочи дека политичката сцена во Македонија е доста променета.

-Еден од најголемите предизвици, најголемиот сон беше борбата за правда. Но за жал правда не видовме изминатиов период, туку се донесе и насилни закон за ЈО. Доживеав сатисфакција по последната бомба што ја детонираше Антонијо Милошоски во која што се гледа дека истиот аргумент кој јас го трубев цели две години, а тоа е дека нелегално прислушувани материјали односно нелегално прибавени докази во поширока смисла на зборот според конкретна директна одредба на членот 12 став 2 од ЗКП едноставно не можат ни да се користатво судската постапка, а беа користени кај нас. А, ниту пак врз основа на нив да се засновува судска пресуда. Се направи lex specialis еден посебен закон, Законот за СЈО кој всупшност требаше да го дерогира, да ја намали важноста на оваа одредба што е преседан кој ги урива основите на правниот систем. Потоа сега се направи закон за ЈО во еден дел кој ја регулира доказната постапка кој што кажува што може, што не може да биде во закон, тоа не е работа на законот за ЈО, тоа е работа на законот за кривична постапка, појасни Героски.

Героски додаде дека кажува работи што би требало да ги знае секој студент на правниот факултет во Скопје.

-Имавме сомнеж, кога јас го пишував, бев прогласен за адвокат на мафијата. Не самиот професорот Калајџиев зборуваше на тие теми, повеќе експерти кажувале дека ова не може вака, нагласи Героски.