Героски: Не Германија и Австрија, не Франција, Косово заведува ред. А вие не можете!

Поради алармантното зголемување на бројката на заразени со Ковид 19, земјите во ЕУ воведоа строги рестриктивни мерки кои вклучуваат и полициски час, па дури и целосна забрана за движење во одредени региони.

Засега, Комисијата за заразни болести која делува како советодавно тело на министерот за здравство, Венко Филипче, останува на препораките за дисциплинирано носење на маски, сега задолжително и на отворен простор.

Се чини дека досега владината политика не успеа да го стави под контрола ширењето на вирусот Ковид-19, а Македонија неславно се искачува на листата на земји кои бележат најголема смртност меѓу пациентите со оваа инфекција. Иако здравствените власти најавија анализа на состојбата и зошто смртноста е толку голема, засега нема такво нешто.

Новинарот и главен уредник на порталот Плусинфо, Бранко Герсоки, на Фејсбук објави свој  став во однос на актуелните мерки кои се спроведуваат во Македонија во борбата против коронавирусот.

„Стево Пендаровски, Зоран Заев, Венко Филипче! Ало бре! Не Германија и Австрија, не Франција, Косово заведува ред. А вие не можете. Ма убијте нѐ или убијте се. Ова второво, фигуративно, де…“, напиша Героски.