Героски: Политиката на Владата на СДСМ е да се прифати сѐ од бугарска страна, но дури и со уцени врз пратениците нема да обезбедат двотретинско мнозинство за уставните измени

Проширувањето на сегашното мнозинство кое што ја подржува владата е со идеја да се купи време од двете партии на власт СДСМ и ДУИ до редовниот термин на изборите 2024 година, со надеж дека ќе се дојде до фамозното мнозинство од 80 плус 1 пратеник за да се изгласаат овие уставни промени. Математички и тоа не обезбедува двотретинско мнозинство, што значи дека нема двотретинско мнозинство, вели новинарот Бранко Героски во вечерашното гостување во емисијата Само интервју на Канал 5 телевизија.

На прашањето дека може да се прави притисок врз пратениците, Героски саркастично одговори дека доколку се уценуваат луѓето и се зголеми притисок ќе биде супер европски, потенцирајќи дека тој лично смета дека и да има притисок сепак власта нема да обезбеди двотретинско мнозинство.

„Ако се зголеми притисокот, ако се врши корупција, ако се уценуваат луѓето, тоа ќе биде супер европски. Јас мислам дека дури и така со притисок пак нема да се дојде до приказната двотретинско мнозинство“, смета Героски.

Во однос на надворешната политика на државата и односите на Македонија со Бугарија, Героски смета дека министерот за надворешни работи Османи е репрезент на една политика која се сведува на тоа се да се прифати од бугарска страна, како и дека преговарачката рамка од францускиот предлог кој го потпиша владата на СДСМ и ДУИ и внесувањето на Бугарите во македонскиот устав нема ништо да се реши.

„Проблемот е во тоа што Софија ја негира македонската нација и јазик како историски феномен. Бујар Османи е репрезент на една политика која се сведува на тоа дека треба да се прифати се, практично се што бара бугарската страна или најголемиот дел основното од барањата на бугарската страна и на тој начин ние да влеземе во ЕУ. Јас тврдам дека тоа е драстично погрешно и дека прифаќањето на преговарачката рамка на францускиот предлог беше погрешно. Ве уверувам дека ќе се покаже набрзо и дека тие кои што ја потпишуваа и се приклонија кон таа рамка што ја прифатија, тие самите ќе дојдат до сознание бидејќи таа ништо во суштина не решава,. Дури и некако да се реши ова со бугарите во уставот, со тоа ништо не завршуваа, тука почнуваат проблемите„, рече Геровски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.