Героски: Рекетарската банда на Коки и Кики камен околу вратот на Зоран Заев

…сѐ погласните шпекулации дека рекетарската група своите жртви ги уценувала и со нелегално прислушувани снимки („бомби“) и други „инсајдерски“ информации од истрагите што ги води СЈО. Сето тоа се случува во период кога СДСМ преговара со опозицијата за судбината на оваа пржинска институција и кога сѐ поголема реалност станува опцијата на чело на оваа реформирана институција да дојдат други обвинители, на местоото на сегашните три популарни јавни обвинителки. Се проширија гласини дека опаѓањето на популарноста на „трите грации“ делумно е последица и на компромитацијата што им ја приредила рекетарската група на чело со Кокичето наше „хуманитарно“, неспособно да ги сфати драматичните последици на својата разметливост и исфрустрираност.

Ете, затоа денес премиерот Зоран Заев има проблем како да го симне овој тежок камен што му виси околу вратот. И затоа сите страхуваат од приказните што ги раскажувам, на единствениот можен начин што ме заштитува од опасноста да се впуштам во лиферување на обвинувачки наводи без цврсти докази…, пишува во својот најнов текст од серијалот за рекетарската група предводена од сопственик на медиум и претставници на партијата на власт во Македонија – СДСМ, новинарот Бранко Героски.

Понатака во текстот Героски со оваа криминална банда поврзува и „еден наш прочуен советник, исто така по потекло од една поранешна југословенска република (не баш од истата што ја спомнав, од каде е другарчето на Коки). На тој советник би му прилегало името – Баки“.

Во последните две опозициски години, како и во првите две години од новата власт, тој Баки – инаку и самиот еден интересен лик со прилично сомнителен бекграунд – поради нешто е многу важен за врвот на нашата владејачка партија. Самиот тој често се фали дека бил клучен играч при освојувањето на власта од страна на СДСМ. Неверојатно! Патем речено, сум имал прилика овој човек да го сретнам, само еднаш, во поширок круг луѓе. Се сеќавам, после таа средба, себеси речиси гласно си наредив:

– Героски, со овој човек си се видел сега и никогаш повеќе! Подалеку од ваквите типови!, објавува новинарот Героски.