Героски: СДСМ заличи на ДОО, антимакедонизмот пропагиран од Заев и неговото губење доверба во сопствениот народ значи дека е политички мртов

Новинарот Бранко Героски вечерва во „Само вистина“ во Канал 5 телевизија, истакна дека СДСМ последните години заличело на ДОО или фирма, а наративите и пропагандата на антимакедонизам кои се терала во последниве години, му нанела тежок удар на Заев, а губењето на доверба кон народот значи дека вие сте политички мртов.

-СДСМ заличи на Друштво со ограничена одговорност, на фирма, кога немате екипа кога не создавате екипа тогаш вие сте одговорен тогаш цената на неуспехот не ја плаќаат разноразните советници собрани од секаде, како што вели Заев „сум собрал и шуто и рогато“ , тоа шуто и рогато не ја плаќа цената, ти ја плаќаш цената, во изборните резултати видовме намалување на довербата, но и во вокабуларот на Заев видовме негово разочарување од народот и тоа е моментот кога се прави фаталната грешка, објаснува Героски.

Тој вели дека ако се изгуби довербата во народот да не знаете дека кога тој е во право и кога греши, вие сте политички мртов.

-Во договорот со Бугарија почнува една ноторна историска невистина и тврдење кое експлицитен на антимакедонизмот кој се шири во Софија со децении, а е тоа дека македонската нација е од 1945 година и македонскиот јазик е западно бугарски дијалект, кои две работи се огромни лаги, а се правеше и екстензија да се воведе службеното име на земјава да го употребуваме во секојдневна употреба кое не го нормира ни договорот од Преспа, вели Героски.

-Во моментот кога се јави отпор од овие прашања се јави тој наратив дека овде има луѓе кои влечат напред кон промена на името, кон отфрлање на химната македонска, кон отфрлање на историјата, приказните дека ние не сме биле жртви од Втората Светска војна на фашистичката окупација, со овие наративи се пропагира еден нов антимакедонизам, вели
Героски.

Новинарот потенцираше дека ова е клучниот момент според кон пропагандата на Заев му нанесе тежок удар.