Героски за сестрата Нора, братот Бени и ‘пушењето’

„Е ова веќе е невидена дрскост. Некултура. Безобразлук. Силеџиство во говорот. Шокиран сум!

Значи, вака нашата „сестра“ го замислува својот брат Бени на позицијата директор на МКЦ. Он ќе директорува, а ние ќе му го пушиме. „Поносот“, пишува новинарот Бранко Героски по дрскиот пост на Нора Шаќири на фејсбук во која ги повика потписниците на писмото до Зоран Заев (со кое се бара да нема промени во раководната структура на МКЦ) „да му го попушат поносот“ на нејзиниот брат Арбен-Бени Шаќири кој конкурирал за директорска функција на таа инсититуција.

„Е па, ако е така, сестро Нора, ќе ти кажам дека сега веќе формирав јасен, иако само почетен став за ова прашање. Имено, можеби тој, за мене непознат Русе и не е некоја важна фигура, па дури можеби и не е толку способен како што се зборува, ама човекот барем не бара да му го попушиме „поносот“ за да биде директор.

Тоа веќе е сериозна предност на тој Русе, освен ако во конкурсните услови не пишува дека на директорот мора да му се попуши „поносот“, по што, како критериум, претпоставувам, би пишувало дека поголеми шанси има оној што има поголем „понос“.

А ако во конкурсот нема ваков услов, јас на градоначалникот Петре Шилегов (тој бил надлежен за МКЦ), после ваквите тензии и притисоци, му предлагам конкурсот веднаш да се поништи, за да се смират страстите и некои луѓе да се научат на елементарна пристојност“, пишува Бранко Героски во колумна за „Плусинфо“..