Гевгелија во опасност да биде затрупана со стотици тони отпад

Дали на Општина Гевгелија и‘ се закануваат 300.000 тони отпад, прашува во средата опозициската ВМРО-ДПМНЕ

Општина Гевгелија е пред еколошка катастрофа. Исклучително дрско, со индиции за нацелосно спроведување на сите законски норми за отварање на фабрика за обработка на отпад, општината се коцка со животот на граѓаните. Локалните невладини организации и граѓаните се загрижени за судбината на градот. Во просториите на поранешната фабрика Керамика, компанијата П&П Индустрис Скопје отворила своја подружница, во која неодамна е складирана тешка опрема за обработка на отпад, кој ќе се увезува од Италија, а од него ќе се произведуваат пелети од RDF, како гориво за индустриските капацитети во Македонија. Општината, сакајќи да се изолира од случајов направила јавна расправа на која биле поканети само неколкумина, без присуство на пошироката јавност. Притоа, за случајов општината издала негативно мислење, без постоење на законска основа за тоа.

Воедно, важно е да се напомене дека ниту Министерството за животна средина немна издадено дозвола за складирање на отпад, ниту пак има одобрено Студија за оценка на влијанието на проектот врз животната средина. Низа недоследности, непочитување на законска регулатива, а сето тоа на сметка на здравјето на граѓаните. Овој проект на граѓаните на Гевгелија ќе им донесе 40 шлепери со отпад дневно и тоа во непосредна близина на индустриски објекти од прехранбената индустрија, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.