Гевгелија: Во два дена пронајдени 11 илегални мигранти

Кривични пријави заработија гевгеличанецот  А.Д.(35) и скопјаните А.М.(40) и Т.Т.(49) за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.

Како што соопштува Регионалниот центар за Граничниот работи „Југ“ во првиот случај, на 25.03.2014 година, на автопатот  Гевгелија-Скопје од страна на полициски службеници запрени се две патнички возила „киа спортаж“ и „ауди А6“ управувани од пријавените А.М. и Т.Т. , а при преглед во истите се пронајдени седум сириски државјани.

Следниот ден, на 26.10.2014 година во 00,40 часот, кај клучката Гевгелија од страна на полициски службеници запрено е патничко возило „ландровер“ управувано од пријавениот гевгеличанец, а при извршена контрола во возилото пронајдени се четворица сириски државјани.

Од страна на судија во претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од по осум дена.