Ги отворија рестораните, па се чудат дека луѓето се веселеле – Па за што се оди таму?!

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во интервју за „360 Степени“ ја обвини власта за несериозно справување со корона-кризата.

„Најлесно е да го обвините народот, но затоа постојат држави, затоа постојат организирани системи за тие коишто се одговорни да ја носат одговорноста. Инаку, најлесно е да се обвини народот и можеме да вратиме 10 ситуации во историјата на државата каде што можеме да го обвиниме народот. Тоа е нечесно. Еве, на пример, една смешна работа. Носат препораки за работа на угостителски објекти, коишто се или неприменливи, или никој не ги разбира и денеска, замислете, излегуваат функционери од СДСМ и велат – луѓето, одат во ресторани и се веслат таму. Па за што се оди во ресторан?! Значи, ако дозволите да се отворат, тогаш треба да претпоставите такво однесување на луѓето таму. Ако им е за нешто посериозно, веројатно на опера ќе одат“, вели Николоски.