Ги Пармелен избран за претседател на Швајцарија

Членот на десничарската парија UDC, Ги Пармелен, досегашен министер за стопанство, во средата беше избран за претседател на Швајцарската Конфедерација, главно протоколарна должност на која ќе стапи на први јануари.

Сојузниот совет го избра Пармелен со 188 гласови „за“, од 202 важечки гласачки ливчиња.

Пармелен, кој во ноември наполни 61 година, ќе ја замени на долќноста претседателката Симонет Сомаруг, но ќе го задржи сегашниот портфељ, имајќи предвид дека претседателскиот мандат е една година.

Претседателот ја застапува Швајцарија во странство, прима важни гости и ги спроведува одлуките на Советот, како што во понеделникот стори Сомаруга кога на новинарите им ги предочи сојузните мерки за броба против пандемијата која пустоши во земјата.

„Пандемијата е голем удар. Да се обезбеди единтво претставува секојдневен предизвик, а тој е уште поголем во време на пандемијата, Единството е силата на Швајцарија“, изјави Пармелен во говорот во Сојузниот совет, пренесе службената новинска агенција ATS.

Сојузниот совет мора да биде подготвен брзо и јасно да реагира доколку се појави потреба, истакан, новоизбраниот швајцарски претседатели.

Пармелен, винар од француското говорно подрачје, во Сојузниот совет зборуваше и на германски и на италијански јазик, иако неговото познавање на овие јазици често е предмет на подбивања.

Вети притоа дека во текот на својот мандат ќе се среќава со граѓаните за да се запознае со нивните проблеми. „Тоа е неопходно потребно доколку сакаме да ја сочуваме доверната“ на граѓаните, додаде Пармелен.

Парламентот воедно го избра и Ингацио Касисо, досегашен министер за надворешни работи, за потпретседател на Сојузниот совет, што значи дека во 2022 година ќе го замени Пармелен на претседателските должност.