Ги почитуваме стратешките интереси на САД, но не значи дека немаме право да се бориме за нашите национални интереси

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во обраќањето на 30-от  роденден на УМС кажа дека ги почитува стратешките интереси на САД, но дека македонските интереси му се многу поважни.

-ВМРО-ДПМНЕ ги почитува стратешките интереси на САД. Заедно со ЕУ тоа се системите кон кои ние единствено се стремиме, но воедно тоа не значи дека немаме право да ги почитуваме и да се бориме за нашите македонски национални интереси кои се нашиот базичен темел, наше право и долг кон Македонија. И таа борба мене ми импонира. ВМРО е народна партија и секогаш била и ќе остане. Главното прашање е колку со договорите се подобри квалитетот на живот, и дали народот е задоволен неколку години потоа, каде се ветувањата на Заев дека ќе дојде ЕУ, дека ќе дојдат високите плати, бесплатното здравство, отворање на границите и бесконечни можности? Јас сум реалист и треба реално да се говорат работите, изјави Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.