Ги топи масните наслаги и целулитот: За што сѐ е добар чајот од ѓумбир?

Тој се користи за ублажување на разни тегоби, а дополнителните состојки како мед, лимон и портокал можат да го подобрат вкусот и да ја зголемат неговата лековитост.

1. Лечи настинки

Во традиционалната азијска медицина, ѓумбирот се користи како лек за мачнини, проблеми со варењето и лечење на симптомите на грип и настинки. Коренот од ѓумбирот е силен антиоксиданс кој содржи бројни непостојни масла кои го греат телото и поттикнуваат потење – па така се решава проблемот со температура и елиминација на токсините.

Исто така, тој содржи и антибактериски својства па може да спречи и појава на настинки и грип. Истовремено, ѓумбирот помага во прочистување на дишните патишта и белите дробови. Свежиот ѓумбир се готви како чај, додека пак правот се наросува како зачин преку храната.


2. Ја подобрува дигестијата и чисти од токсини

Чајот од ѓумбир ја забрзува работата на дигестивниот сситем и ја подобрува апсорпцијата на хранливи материи. Тој е познат по намалување на надуеноста предизвикана од брзо јадење и прејадување, но и го регулира апетитот.

Пијалакот од овие билки може да биде од помош и при труење со храна затоа што го чисти организмот од токсини, ја надополнува изгубената течност и ја отстранува мачнината и болките во стомакот.


3. Ги топи масните наслаги

Иако правилната исхрана и редовното вежбање се најдобрите сојузници на витката линија, чајот од ѓумбир може да биде од помош. Овој лековит корен го забрзува метаболизмот, го намалува холестеролот, помага во лачење на плунка и варење на скробна храна, ја намалува надуеноста… а сето тоа допринесува за губење на вишокот килограми.

Без разлика дали ќе го консумирате како чај, свеж сок или смути – неговото секојдневно консумирање ќе ви помогне да дојдете до рамен стомак и помалку килограми за краток временски период.


4. Ја подобрува циркулацијата и го отстранува целулитот

Ѓумбирот е особено корисен за ослободува од вишок течности од организмот. Освен што делува како диуретик, оваа билка ја поттикнува работата на дигестивниот систем и го намалува нивото на шеќер и холестерол во крвта. Освен тоа, тој го намалува апетитот и г забрзува метаболизмот – така води до губење килограми т.е. отстранување на синдромот на студени раце и нозе.

Исто така, со оглед на тоа што ја забрзува циркулацијата, чајот од ѓумбир поттикнува отстранување на масни наслаги од кожата и исчезнување на целулитот.


5. Го чува кардиоваскуларниот систем

Витамини, минерали и аминокиселини кои се наоѓаат во ѓумбирот успеваат да ја подобрат циркулацијата во крвта и истовремено го намалуваат ризикот од настанување на болести на срцето и крвниот систем. Ѓумбирот значајно го намалува ризикот од срцев и мозочен удар.


6. Штити од рак

Благодарение на своите антиоксиданси, зачините како нане, чили пиперки, бел лук и ѓумбир докажано делуваат како превенција и помош на терапиите на заболените од рак. Новите истражувања покажуваат дека ѓумбирот делува против воспаленија – па тоа е одлична превенција против ракот на белите дробови и дигестивниот систем, а често се користи и во хемотерапија, затоа што ги намалува мачнините, додека во комбинација со мед го зајакнува имунитетот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.