Ги тужи родителите зашто му ја фрлиле порнографаската колекција

Четириесетгодишник од американската сојузна држава Индијана ги тужи своите родители, бидејќи ја фрлиле целата негова колекција со порнографија чијашто вредност според неговото тврдење чинела повеќе од 29.000 долари.

Минатата седмица пред федералниот суд во Мичиген, каде што му живеат родителите, ја подигнал тужбата против нив.

Кај нив се вселил во 2016 година откако се развел од сопругата. Кај родителте живеел десет месеци, и потоа со отселил во нов дом во Индијана. Во меѓувреме побарал да му ги испратат неговите работи, но меѓу нив ги немало 12-те кутии со порнографски списанија и филмови. Родителите признале дека ги фрлиле кутиите со порнографска содржина меѓу кои можеле да се најдат и наслови како „Frisky Business“ и „Big Bad Grannys“.

Во тужбата којашто ја поднел оштетениот син е и електронската порака од неговиот татко кој му напишал: „Ти направив голема услуга кога се отарасив од тие работи. Верувал или не, една од причините поради кои ја уништив твојата порнографија беше твојата благосостојбна, односно твоето ментално и емоционално здравство. Би го сторил истото и доколку најдев килограм кокаин. Се надевам дека еден ден ќе разбереш“.

Погодениот маж бара пред судот финансиска отштета во тројно повисока вредност отколку што ја проценил вредноста на загубената содржина, односно 87.000 долари.

Мажот ја поднел тужбата до полицијата, но обвинителот од округот Отава одбил да покрене обвинение, пренесува агенцијата The Associated Press.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.