Ѝ ги залепил рацете на продавачката на пултот и го ограбил сефот

Досетлив крадец во средата со суперлепило ѝ ги залепил рацете на трговка на пултот и побегнал со парите од сефот, во јужниот германски град Инголштад.

Арамијата, вооружен со пиштол упаднал во продавница за облека пред отворањето, збунувајќи ја продавачката којашто мислела дека дошла колешката, објави полицијата.

Потоа ја принудил да го отвори сефот од кој украл 2.000 евра. Педесет и двегодишната продавачка успеала некако да повика роднина, „и покрај тоа што не можела баш многу нешто да стори“, додаваат од полицијата. Роднината потоа ги повикал итната служба и силите на редот.