Гибралтар денеска реши да го ослободи иранскиот танкер Грејс 1, кој беше задржан од британските маринци пред шест недели, како залог за некоја идна размена откако Иран го заплени британскиот танкер во Персискиот залив.
На тој начин со денови танкерите беа причина за продлабочување на спорот меѓу Иран и западните земји.
Премиерот на Гибралтар, Фабијан Пикардо, одлучи да го ослободи танкерот по официјалното писмено уверување во Техеран дека бродот нема да ги растовари 2,1 милиони барели нафта во Сирија, но додаде дека бродот сè уште не е ослободен.
„Имајќи го предвид ветувањето што го добивме, повеќе нема основа да продолжиме да го држиме танкерот за да ги почитуваме санкциите на ЕУ“, рече Пикардо.
Не е познато во овој момент кога Грејс 1 ќе заплови, бидејќи САД подоцна испратија барање за задржување на бродот.
Иранскиот амбасадор во Лондон Хамид Бајединеџад изјави дека САД „очајно“ се обидуваат да го блокираат ослободувањето на танкерот, но се соочиле со пораз.
Тој на Твитер напиша дека танкерот наскоро ќе го напушти Гибралтар.