Гигс не сака да биде менаџер на Манчестер Јунајтед

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, експресно ја негираше пласираната шпекулација дека на крајот од актуелната сезона ќе стави крај на фудбалската кариера и дека во следната ќе биде менаџер на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига.

“Не знам од каде оваа приказна, оваа информација. Јас и понатаму уживам во фудбалската игра, тоа го видовте и на дуелот против Олимпијакос. Нема да ставам крај на мојата фудбалска кариера, сакам и следната сезона да го носам дресот на Манчестер Јунајтед. Точно дека никој не очекуваше да имаме толку лоша сезона, но сите сме свесни, знаеме дека треба да играме многу подобро, да играма како што игравме против Олимпијакос”, изјави велшкиот интернационалец.