Гиовска: СДСМ освен даноците ќе ја поскапи и струјата

Граѓаните се загрижени дека СДС подготвува уште еден шок. Зголемување на електричната енергија. СДС најави зголемување на даноците, а се погласно се говори дека во план е  и зголемување на цената на електричната енергија, изјави на денешната прес-конференција Елизабета Гиовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Вели дека согласно информациите во јавноста, новиот закон за енергетика кој го најави владата содржи либерализација на пазарот со електрична енергија со што ќе дојде неминовно покачување на цената на електричната енергија за граѓаните.

-Пресметките се дека, доколку дојде до целосна либерализација на пазарот, тогаш граѓаните ќе плаќаат и до 20 отсто поскапа електрична енергија. Според тоа, само за илустрација, ако се анализира просекот на цената на електрична енергија што граѓаните на Република Македонија го плаќаат во последните три години, таа е за 2,5 пати помала од просекот што го плаќаат граѓаните на земјите членки на ЕУ. Со други зборови, граѓаните во моментов плаќаат по 5 денари киловат час електична енергија, додека граѓаните на Унијата плаќаат околу 12,5 денари за киловат час, истакна Гиовска.

Посочи дека додека граѓаните ќе осиромашуваат од либерализацијата на струјата, најголеми профитери ќе бидат луѓето од власта и бизнис лобито на СДСМ.

-Ве уверуваме дека либерализацијата на пазарот ќе биде уште еден бомбона бизнис на врхушката од СДС. Ова е проект за лично богатење, на сметка на граѓаните кои ќе осиромашуваат. Владата на СДС треба да излезе и да објасни што точно планира, посочи Гиовска.

Апелираше Владата да се откаже од намерата за зголемување на цената на електричната енергија за граѓаните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.