Гитарата на Џими Хендрикс продадена за 216.000 долари

Гитарата на којашто во раните шеесети години од минатиот век свиреч славниот Џими Хендрикс била продадена на наддавање во саботата за 216.000 американски долари, или четири пати повеќе од почетната цена, пишува магазинот Rolling Stone.

Аукциската куќа GWS Auctions наведува дека Хенрдикс на оваа јапонска електрична гирата почнал да свири во 1962 година, откако го отслужил воениот рок.

Откако ја напуштил базата Форт Кемпбел, Џими Хенрдикс накусо се преселил во Клакрсвил во сојузната држава Тенеси. Таму свирел со Вилсон Пикет, Слим Харп, Сем Кук, Ајк и Тина Тарнер, и со Џеки Вилсон, пред на почетокот од 1964 година да се пресели во њујоршки Харлем, каде престојувал до крајот на 1966 годинам, свирејќи во повече клубови, меѓу кои и во денес култните „Cafe Wha“ и „Cheetah“.

Гитарата била сопственост на Хендрикс додека кусо настапувал со бендот Isley Brothers и со својот рок-состав Jimmy James and the Blue Flames. Но кога музичарот од САД отпатувал во Велика Британија, гитарата ја оставил во Њујорк во станот на својот пријател Мајк Кваши, кој непосредно пред смртта ги забележал податоците за инструментот.

Вредноста на гитарата беше проценета на 50.000 долари, но по аукциското наддавање ја достигнала цената од 216.000 долари.

На истото наддавање за 22.500 долари е продаден 14-каратниот златен прстен на Елвис Присли, чифтот лилакови чизми на пејачот Принс е продаден за 13.000 долари а една црна јакна на Мајк Џексон за 20.000 долари