Ѓоковиќ се пласираше во четвртфинале на турнирот во Пекинг

Прворангираниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ рутински обезбеди пласман во четвртфиналето од овој турнир, откако попладнево го совлада Канаѓанецот Поспишил со 2-0 во сетови.Негов противник во четвртфиналето ќе биде подобриот од дуелот меѓу Димитров и Андухар.

Ѓоковиќ рутински го доби првиот сет со 6-3, а потоа во вториот сет наиде на посериозен отпор на својот противник. Мотивираниот Канаѓанец спаси три меч топки, но потоа беше принуден да капитулира за конечни 6-3, 7-5 на овој меч. Ова беше вкупно 21. победа во низа за Новак на турнирот во Пекинг, каде Србинот брани 500 АТП-бода по освојувањето на ланската круна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.