Ѓоковиќ си закажа полуфинале со Енди Мареј

Српскиот тенисер и прв рекет во светот Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфиналето на АТП турнирот во Пекинг, откако го совлада Бугаринот Григор Димитров со 6-2, 6-4. Србинот на овој меч запиша 13 винери и 16 неизнудени грешки, додека Димитров имаше 17 директни поени и 33 грешки.

Со оваа победа Ѓоковиќ во Пекинг има неверојатен скор од 22-0, а минатата сезона во финалето го совлада Шпанецот Рафаел Надал.

Во полуфиналето Србинот ќе се сретне со Британецот Енди Мареј, кој беше подобар од Марин Чилиќ, совладувајќи го со 6-1, 6-4.