Ѓорчев: Никола Наумоски сопственик на фирмата која добивала договори од СЕП

Никола Наумоски, еден од најгласните водачи на граѓанските здруженија Плоштад Слобода, Распеани Скопјани и Паркобрани и прв братучед на Радмила Шекеринска,  е сопственик на фирмата која добивала бизниси од Секретаријатот за европски прашања вредни 820 илјади денари, тврди Влатко Ѓорчев, член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ.

„Никола Наумоски уште во 2011 година е прв запишан сопственик на фирмата СОФИКС ДОО, актуелна овие денови со бизнисите давани од страна на Јован Деспотовски, меѓународен секретар на СДСМ, на првата братучетка на Радмила Шекеринска, Искра Петровска, која пак е и сестра на Никола Наумоски. Фирмата СОФИКС е сопственик на фирмата БТ Македонија која директно се појавува како фирма која добива бизниси од Секретаријатот за европски прашања, а доделен од меѓународниот секретар на СДСМ, Јован Деспотовски“, вели Ѓорчев.

Ѓорчев вели дека СДСМ треба да одговорат дели има повеќе договори со оваа или други фирми кои се фамилијарно поврзани со Шекеринска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.