Ѓукановиќ: Нема руски шпиони во црногорските разузнавачки служби

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ денеска демантираше дека на Црна Гора и е одложен приемот во НАТО поради сомневање оти во црногорските разузнавачки служби работат руски шпиони, објави „Вијести“, пренесоа медиумите.

„ За време на сите мои разговори досега, никогаш не е споменато дека постои барем едно, а не од 25 до 50 такви лица, кои на тој начин ги загрозуваат безбедносните стандарди, кои Црна Гора мора да ги внесе со својката партиципација во НАТО“, истакна Ѓукановиќ.

Неговата изјава уследи откако подгоричкиот весник објави дека членството на Црна Гора во НАТО се пролонгира поради сомневање дека во црногорските разузнавачки служби работат руски шпиони.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен нагласи дека министрите за надворешни работи на земјите-членки до крајот на 2015 година ќе одлучат дали е време Црна Гора да им се придружи. Она за што не се зборува јавно, е причината за одлагањето, а тоа е наводно руско уфрлување во црногорските разузнавачки служби.

„Тоа е камен на сопнување, изјави официјално лице од НАТО за американски медиуми“, и побарал анонимност.

„Веќе се покренати мерки за неутрализирање на нивните активности, но тоа бара време за да биде успешна операција“, додава официјалниот претставник, пренесоа „Вијести“.

Тој проценува дека од 25 до 50 агенти има во црногорските разузнавачки служби кои се поврзани со Русија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.