Гласањето Могила и Новаци без проблеми

162
новаци

Од ОИК-Могила информираат дека до 10 часот гласале 5,78 насто од 5.455 граѓани што имаат право на глас.

Гласањето се одвива без пречки и непречено на 23 избирачки места, поврди претседателот на општинската изборна комисија во општина Могила, Славко Велевски.

Во споредба со општина Могила, во соседната општина Новаци во првите три часа има поголем одзив на гласачките места и досега гласале 13 насто од 2.985 граѓани регистрирани во единствениот избирачки список.

Граѓаните почнаа да гласаат од 7 часот утрово кога беа отворени 24-те гласачки места. Изборниот процес се одвива демократски, посочи претседателот на ОИК- Новаци, Стевче Стевановски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.