Гласовите на Пет ѕвезди клучни за изборот на Фон дер Лејен, кавга во владата во Рим

Луиџи Ди Мајо (лв) и Матео Салвини

Италијанските коалициски партии се судрија во средата поради изборот на Германката Урсула фон дер Лејен за претседателка на Европската комисија, што може да ги загрози амбициите на Рим во врска со една од високите функции во новото извршно тело на Европската унија.

Антисистемското Движење пет ѕвезди при гласањето во вторникот во Европскиот парламент ја поддржа Урсула фон дер Лејен, додека крајната десна партија Лига беше против личноста којашто за неа ја претставува „старата школа“ и политиката која оваа партија сака да ја демонтира. Фон дер Лејен одвај ја осигури победата, за само девет гласови, што значи дека подршката на Пет ѕвезди беше клучна, што најверојатно оваа групација ќе го наплати во некое идно тргување со Брисел.

„Гласајќи за Фон дер Лејен, Луиџи Ди Мајо (лидерот на Пет ѕвезди – з.р.) ги предаде италијанските интереси“, објави Лига на својот официјален акаунт на Twitter.

Челникот на Пет ѕвезди возврати со оцента дека Лига гласајќи против Германката својата партија ја довела во опасноста да стане „ирелевантна“. Се алудира дека Лига, којашто ја води италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Матео Салвини, може да плати голема цена поради недавањето поддршка за новата претстедалка на Европската комисија.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте, кој е предлог на Пет ѕвезди, на почетокот од јули потвди дека изнудил ветување од другите челници на земјите членки на Европската унија во следниот состав на ЕК, Италија да добие важен економски портфел. Секоја од 28-те членки има свој комесар, но Фон дер Лејен мора да ги потврди изборот на секоја поедина членка, и се претпоставува дека ќе ги избере оние кандидати за кои мисли дека добро ќе соработуваат во водењето на ЕУ во следните пет години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.