Глава боли од над 80,000 жалби и прашања на адреса на Владата

Над 30.000 приговори и прашања за ваучерите за туризам и 50.000 за домашната платежна картичка пристигнале на владина адреса од граѓаните кои сметаат дека имаат право на државна помош .а ги нема на листите.

Формирани се тимови кои работат да им одговорат на прашањата, но и да ги проверат жалбите – ако ги исполнуваат условите, лицата ќе си ги добијат картичките, вели првиот човек на Генералниот Секретаријат, Рашковски.  До крајот на месецот на сите кои поднеле приговор ќе им биде одговорено дали им следува картичка за купување домашни производи.

Во меѓувреме банкарската асоцијација апелира да не се создаваат гужви пред банките – граѓаните да доаѓаат да си ги подигнат картичките во предвидениот термин. Секоја банка има свој протокол за секој клиент одделно, преку смс порака ќе бидат информирани од која филијала и во колку часот можат да си ги подигнат картичките.  Лицата пак, кои доаѓаат и прашуваат дали им следува каричка – да не чекаат пред банките, затоа што списоците ги прави Владата, а  не банката. Дали им следува државна помош од третиот сет мерки, за добивање 3 или 9,000 денари, треба да проверат на објавената веб страна www.kupuvamdomasno.gov.mk, апелираат од Асоцијацијата.

Што се однесува пак до ваучерите за туризам, граѓаните со ниски примања кои не добиле пари за летување на државен трошок, приговор можат да поднесат до петок. На сите нив ќе им биде одговорено до 30ти јуни, вели министерот за економија Бектеши.