Главниот обвинител на САД зборува за шпионирање на кампањата на Трамп

Главниот американскиот државен обвинител Вилијам Бар во средата се спореше со пратениците околу прашањето дали имало шпионирање на претседателската кампања на Доналд Трамп во 2016 година и рече дека ревидираната верзија на извештајот на специјалниот обвинител Роберт Мјулер за наводната руска вмешаност во претседателските избори ќе биде објавена следната седмица.

Додека сенаторите го испитуваа, Бар рече дека американските разузнавачки агенции ја шпионирале кампањата на Трамп, но подоцна ја карактеризирал својата загриженоста за споменатите активности како „неовластен надзор“.

Според агенцијата Reuters, Бар на почетокот користел вокабулар кој „ги одразува обидите на Трамп за дискредитирање на истрагата на Мјулер“, но се повлекол по прашањето на демократскиот сенатор Брајан Шатц, кој рекол дека користењето на терминот „шпионажа“ била „непотребно разгорувачка“. Бар тогаш рекол „Сакам да бидам сигурен дека немало неовластен надзор“ и со тоа го променил начинот на изразување.

Бар рекол дека не се сомнева дека некои членови од кампањата на Трамп биле следени. „Мислам дека имало надзор“, рекол главниот обвинител на сослушувањето во Сенатот.

Запрашан дали е убеден дало членови од предизборниот штаб на Трамп биле следени, и зошто тој сметаат дека е неопходно тоа да се истражи, Бар рекол „Прашањето е дали имало основа за тоа. Не говорам за тоа дали немало, туку дека тоа треба да го разгледаме“.

„Сметам дека следењето на политичката кампања, тоа е од суштинско значење, тоа е значајно. Мојата генерација е поколението на Виетнамската војна, луѓето тогаш беа загрижени дека владата ги шпионирала оние кои беа против таа војна“, рекол главниот обвинител на САД. Според него, пости низа правила, според кои мора да има соодветни основи за интервенција на агенциите во политиката и политичкиот надзор“.

„Не велам дека следењето (на предизборната кампања на Трамп) била спроведена со нарушување на тие правила, но важно е да се разбере тоа“, рекол Бар. Додал дека почнал да го проучува ова прашање но оти „сѐ уште не формирал тим“, како што претходно во средата објави весникот The Wall Street Journal.

Бар во вторникот изјави дека следењето на соработниците на претседателската кампања на Трамп ќе го проучува канцеларијата на главниот контролор на Министерството за правда, како и дека резултатите од неговото истражување се очекуваат во мај или јуни.

Летото минатата 2018 година администрацијата на претседателот Трамп ја симна ознаката за доверливост на серија документи, кои се однесуваа на следењето на поранешниот советник на претседателот Картер Пејџ. Документите вклучуваа барање од октомври 2016 година во Судот за надзор на странските разузнавања за следење на Пејџ.

Републиканците и претседателот Трамп тврдат дека прислушувањето на Пејџ било нарушување на законот и било спроведувано без соодветна причина. Тие тврдат дека досието составено од Кристофер Стил во името на Националниот комитет на Демократската партија и предизборниот штаб на демократската кандидатка Хилари Клинтон, правел главен дел од изјавата во FISA на Пејџ. Во објавените записи се зборува дека соработниците на FBI „покажале очигледна пристрасност“ кон Трамп и ја поддржувале Клинтон. Стил во септември 2016 година признал дека тој исклучиво не сака Трамп да биде избран на претседателските избори.

Рекол дека министерството за правда следната седмица ќе ја објави ревидираната верзија на извештајот на Мјулер. „Штотуку го приземјувам авионот. Бев подготвен да разговарам за моите писма и процесот кој се развива, но извештајот ќе биде објавен следната седмица, а јас нема да ги знам деталите сѐ додека авионот не слета“, рекол Бар на сослушувањето на Комитетот за буџет.

Бар за извештајот дискутирал по жестокиот напад од Трамп врз истрагата на Федералното биро за истраги (FBI), која ја презема Мјулер, а што републиканскиот претседател го нарече „обид за државен удар“ во кој учествувале „валкани полицајци“. Му порачал на комитетот дека ќе ги прегледа сите разузнавачки активности насочени на кампањата на Трамп во 2016 година.

Бар додаде дека многу работи се веќе направени, како во Конгресот, така и во Министерството за правда, но оти сето тоа ќе го спои за да види дали има „уште некои прашања кои треба да бидат решени.