Главниот палестински преговарач Ерекат пренесен во израелска болница

Генералниот секретар на Палестинската ослободителна организација (PLO), Саеб Ерекат е пренесен во неделата од неговиот роден град на Западниот брег (на реката Јордан) во израелска болница, бидејќи неговата здравствена состојба се влошила откако на почетокот од октомври се заразил со коронавирусот.

Долгогодишниот главен палестински преговарач на почетокот од месецот бил позитивен на тестирање на коронавирусот. Тој спаѓа во ризичната група пациенти, откако во 201 7 година во болница во САД му беа трансплантирани бели дробови.

Шеесет и петгодишниот Ерекат е еден од најистакнатите палестински челници на светската сцена и е главен и помошник на претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас.

„Имајќи предвид дека др Ерекат е заразен со коронавирусот и оти пати од хронични здравствени проблеми со дишните патишта, неговата состојба сега бара медицинска нега во болница“, се наведува во соопштението на PLO.

Во неа прво се наведува дека Ерекат е пренесен во болница во Тел Авив, но подоцна во твит се појаснува дека всушност е примен во болницата „Хадесах“ во Ерусалим.