Главниот српски епидемиолог бара 10-дневно затворање: Состојбата со ковид е катастрофална

Српскиот епидемиолог Предраг Кон

Членот на српскиот Кризен штаб, за борба против пандемијата, епидемиологот д -р Предраг Кон, оцени дека  ситуацијата со ковидот во Србија е  катастрофална. Причина за ова според Кон е непочитувањето на епидемиолошките мерки.

Тој рече дека медицинскиот дел од кризниот штаб имал консултации со премиерката Ана Брнабиќ, но дека барем засега не гледа подобрување.

„Имавме консултации, ние од медицинскиот дел инсистираме на имплементација на претходно предложените мерки .
Не видовме подобрување за 12 дена. Можеби малку се стабилизирала состојбата со новозаразени, но ние сме се уште на катастрофално ниво, Иако луѓето се вакцинираат од ден на ден, бројката е мала и треба да има десет пати повеќе вакцинирани“, вели Кон.

-Во српскиот кризен штаб има различни размилувања за нови мерки, но единствено по што има заедничка согласност е дека трајниот излез е вакцинацијата, рече тој.

Кон предупредува дека доаѓа зимскиот период кога ќе биде студено, што е соодветен период за респираторни вируси. Исто така доаѓа и сезоната на слави, што е уште една причина повеќе за побрзо ширење на вирусот:

„Без сериозна размислување за контакти и почитување на мерките не може да се очекува ова да престане. И во исто време, луѓето или стануваат имуни или умираат. И двете се факти“, рече тој.

За разлика од минатата година кога луѓето беа свесни дека не е време за слави и прослави како што сме навикнати, годинава податоците покажуваат дека почитувањето на мерките престанало, што се гледа по почестите свадби и масовни инфекции“, рече тој.

За оваа недела е закажана седница на српскиот кризен штаб на која ќе се расправа за евентуалните мерки во бората за сузбивање на епидемијата на ковид.

Медицинскиот дел на кризниот штаб бара воведување на порестриктивни мерки во траење од 10 дена со цел намалување на контактите, што би значело скратување на работното време, а да бидат отворени само фирми и продавници што се од витално и суштинско значење за нормален живот.

Токму тука е и судирот на медицинскиот со бизнис-политичкиот дел од кризниот штаб кои сметаат дека таквиот тип на затворање ќе направи нови негативни економски импликации за српската економија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.