Главните на Левица повикувани на информативни разговори, партијата се жали на заплашување и притисок

Левица тврди дека, во пресрет на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, повеќе членови на Централниот комитет на оваа партија утрово координирано биле повикани на информативен разговор во полициските станици ширум Македонија.

„Владата и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одамна ставени во служба на неоврховизмот, продолжуваат со тактиките за заплашување и притисок врз Левица, како единствена антифашистичка Партија со теренска поддршка – бидејќи целта е да се задуши народниот антифашистички порив. Наместо сопствениот народ, Министерството на Спасовски ги штити фашистите како Ангел Џамбаски, кога доаѓаат во Македонија да ни ја негираат посебноста и да артикулираат иредентистички политики. Тоа што не го разбираат овие политичари-полтрони е дека борбеноста која се содржи во македонскиот народ не може да биде угнетена преку ваквите подли методи својствени за хибридните режими“ – се вели во соопштението на Левица.