Главните проблеми во еврозоната остануваат без решение

Челниците на земјите членки на Европската унија направиле исчекор кон поголемата интеграција во Еврозоната за да ги спречат следните кризи, меѓутоа длабоките несогласувања ги оставија нерешени клучните проблеми, како што се буџетот на еврозоната или планот за осигурување на депозитите.

Лидерите на земјите членки на ЕУ, освен Велика Британија, којашто од Унијата ќе излезе на крајот од март 2019 година, пофално се изразија за договорот постинат претходно од страна на нивните министри за финансии, со кој се доделуваат нови овластувања за фондот за спасување на земјите членки на еврозоната кои се во криза, или Европскиот механизам за стабилност (ESM). Министрите воедно бараа насоки и за инзвонредно контроверзна идеја за буџет на Еврозоната, за неговата големина, цел, финасирање и траење, како и планот за гаранции на депозитите за Еврозоната кои би ја спречиле навалицата врз банките и би го стабилизирале банкарскиот систем.

Длабоко поделени, челниците на земјите членки рекоа дека подоцна ќе го договорат обемот на буџетот, но истакнаа дека мора да биде дел од поширокиот буџет на ЕУ кој претставиуа 1 отсто од бруто националниот доход (БДП) на Унијата. Тоа не е ниту приближно првичната идеја на францускиот претседател Емануел Макрон кој предложи дека буџетот би требало да изнесува „неколку проценти“ од БДП-то на Унијата.

„Ова е компромис со елементите на францускиот предлог и на другите. Да, тие би сакале да одиме и подалеку“, изјави холандскиот премиер Марк Руте, кој важи за еден од поцврстите противници на идејата за буџет во еврозоната.

Воедно тоа претставува и удар во насока на германскиот министер за финансии Олаф Шолц, кој сакаше буџетот да ги стабилизира националните економии преку планот за осигурувањата за невработеноста, а челниците нагласија дека само би требало да се користи за зголемување на конкурентноста на економиите и за нивно воедначување.

Исклучувањето на стабилизацијата како функција на буџетот воедно претствува и чекор наназад за Европската комисија, којашто сакаше тој да ги поддржи вложувањата во кризни времиња, имајќи предвид дека тоа вообичаено е првата ставка која владите ја кастрат во време на рецесии. Институтот ESM воедно тврдеше дека еврозоната би требало да има свој засебен буџет, преку кој би можела да им позајмува на земјите под удар на надворешните фактори за коишто самата не е виновна, особено затоа што монетарната политика на Европската централна банка (ECB) не може да помогне во такви случаи.

Холандија, којашто ја има поддршката на уште неколку северни членки на ЕУ и на германските конзервативци, силно се спротиставувата на планот буџетот да се користи за стабилизација, загрижени дека тоа значи дека некои ќе мора да плаќаат повеќе за заедничките парични резерви, а коишто ги користат само некои членки. Од друга стана, некои земји, пак, се потполно против буџет на еврозоната.

Поради тоа челниците на земјите членки бараат од своите министри за финансии да разработат поединости од буџетот, кој истовремено би бил отворен и за земјите коишто ги замрзнаа курсевите на своте национални валути во Курсовниот механизам 2, односно своевидната чекалница за добивање на заедничката валута еврото, до јуни 2019 година, а тој рок се совпаѓа многу тесно со завршувањето на европските парламентарни избори кои се закажани за во мај. Министрите ќе одлучуваат врз основа на предлогот на ЕК од мај, а кој споменува програма на поддршка на структурните реформи во износ од 25 милијарди евра и Европската инвестициска стабилизациска функција од 30 милијарди евра.

Меѓутоа, имајќи ја предвид стабилиациската функција на буџетите, челниците ја изземаа и инвестициската стабилизација на ЕК, велат извори од самитот според коишто на самиот заклучок му била додадена формулацијата дека „Инструментот ќе биде усвоен … врз основа на релевантните предлози на ЕК кои ќе бидат и изменети доколку биде неопходно“. Челникот на ЕК, Жан-Клод Јункер, на прес-конференцијата порача дека ЕК ќе се придржува на оригиналните предлози.

Челниците, исто така, беа претпазливи и во избегнувањето на каква и да е директна поврзаност со контроверзната тема за интеграцискиот план на еврозоната, односно Европскиот план за осигурување на депозитите (EDIS). Ова е последниот елемент кој недостига во банкарската унија на еврозоната, а кој веќе содржи самостоен контролор за сите банки и единствен план за рашавање за институциите коишто ќе пропаднат. Германија, Холандија и другите северни членки на ЕУ стравуваат дека со прифаќањето на EDIS оти на нивниот грб ќе падне и отплатата на депозитите во јужните членки како Италија, Грција или Португалија, каде што банките се ранливи, често како наследство од должничката криза во 2010 година, којашто траеше во еврозината до 2015 година.

По една година дискусии, министрите за финансии на членките на ЕУ не можеа ниту да се договорат кога да ги започнат дебатите за EDIS, како и што со буџетот на еврозоната челниците сакаат да го прекинат застојот. Тоа не се случи, бидејќи челниците одлучија да се концетрираат на потребата од намалување на ризиците во банкарскиот систем, и повикаа да се работи на унапредување на банкарската унија воопшто, дури и да неспоменувајќи го директно планот за депозит.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.