Глигорова: Има деца со силни симптоми на Ковид-19, наставата со физичко присуство ќе биде причина за широка трансмисија на вирусот

179

Невакцинирани, вакцинирани, непрележани, па и по некој прележен се заразуваат со КОВИД. Доста луѓе ми пишуваат, се слушам телефонски, па со полна општествена одговорност ви пренесувам дека има млади деца, адолесценети со висока температура, со силни симптоми на КОВИД, се повеќе и повеќе. Наставата со физичко присуство во моментов ќе биде причина за широка трансмисија на вирусот и сигурно доста нови случаи. Нема друга опција освен онлајн опцијата, напиша денеска Ана Глигорова на ФБ групата за он лајн настава која брои 15 000 членови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.