Глобалниот пад на системот ги погоди популарните интeрнет страници

Многу популарни интернет странции беа недостапни во четвртокот поради глобалниот пад на интернет сервизијат, објави британски BBC.

Корисниците кои се обидуваа да влезат во некои од пребаруваните страници добивале порака за DNS грешка (систем за доменските имиња), што значи дека нивното барање за достап не можел да дојде до тие страници.

Меѓу погодиените интернет страници се оние на Airbnb, UPS, банката HSBC, British Airways и мрежата за онлајн игри PlayStation.

Популарниот давател на DNS услугите, Akamai во меѓувреме објави дека проблемот е надминат и дека „сервисот сега повторно нормално функционира“.

Платформата за следње на падот на системите на интернет „DownDetector“ извести за илјадници проблеми на корисници на повеќе десетици платформи.

Според овој извор, меѓу погодените биле и страниците на банките Barclays, Lloyds, TSB и Halifax, како и страниците за онлајн игри Steam, Call of Duty и EA и стриминг услугите на телевизиските канали Channel 4 и ITV.

Станува збор за втор ваков масивен пад на системот во последните два месеца. Во јуни, поради падот на дел од сервисот Fastly, паднаа голем број важни интернет страници, вклучително и многу меѓународното влијателни весници и веб-страници на влади. Тогаш, како што се покажа подоцна, промената на поставките на еден клиент несвесно ја нарушила целата инфраструктура.