Гневни Аргентинци го каменуваа возилото на претседателот Фернандез

Неколку десетици гневни граѓани со камења го гаѓале минубусот во кој се наоѓал аргентинскиот претседател Алберто Фернандез кој допативал во посета на југот на земјата, каде што пустошат пожарите, пренесуваат во саботата вечерта тамошните медиуми.

Додека заминувал од градскиот совет во Лаго Пуебло, во провинцијата Чубут во Патагонија, претседателот Фернандез морал да се засолни зад коридор кој го направиле луше додека демонстрантите се упатиле кон него.

Толпата го запрела минибусот со претседателот удирајќи по возилото со раце и нозе и гаѓајќи го со камења, според снимките кои ги прикажа телевизиските мрежи TN и La Nacion.

Според медиимите, демонстрантите се противеле на големата експлоатација на природните ресурси во регионот Чубут, коишо може да се овозможи со законот кој деновиве се наоѓа на разгледување во покраинскиот парламент. Покрај тоа, дополнително гневно кај нив ги предизвикале и проблемите со пожарите.

Во пожарите кои пустошат во оваа област досега загина едно лице, а 11 се повредени од почетокот на седмицата. Двесте куќи изгореле, а стотици луѓе се евакуриани. Според локалните власти изгореле 1.500 а според медиумите 15.000 хектари шума.

Пожарите зад себе оставија големи штети, истакна министерот за околина Хуан Кабандие, доавајќи дека некои места немаат ниту вода, ниту струја.

blob:https://tn.com.ar/543dc5da-f5cb-40e7-9131-7e9e765e76c5

 

https://tn.com.ar/politica/2021/03/13/quienes-son-y-que-reclamaban-los-manifestantes-que-increparon-a-alberto-fernandez/